(Видео) Трилинг: За Силјановска Давкова „Влада без албански партии не е добро решение“, а Меџити вели „доаѓа вистинскиот крај на Ахмети“

Дали Силјановска Давкова ако стане претседател ќе ги амнестира осудените за упадот во Собрание? Каков е нејзиниот став во однос на барањето на ДУИ идниот претседател да се бира во Собрание?

Овие и многу други дилеми таа открива во најновото издание на Трилинг.

„Фаталистичкиот однос кон ЕУ како кон догма е погрешен – ЕУ е пат или правна, политичка рамка за стандарди, тоа е она што нам ни треба – стандардна држава. Договорот за добрососедство и пријателство го крши Бугарија, а не ние. Без оглед на резултатот, дали ќе биде 59 или 61 пратеник, Влада без албански партии не е добро решение“ – потенцира кандидатката за претседател на државата предложена од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Довчерашниот соработик на Али Ахмети, сега жесток противник – Изет Меџити претседателот на Демократско движење кое е дел од коалицијата „ВРЕДИ“ смета дека доаѓа крајот на владеењето на првиот интегративец.

„На ова раководство на ДУИ им помина рокот. И тие што се најголеми оптимисти во ДУИ знаат дека ова е вистински крај на Ахмети, ДУИ се повеќе личи на комбинација Груби – Тачи – Мијалков“ вели Меџити во најновото издание на Трилинг.