Тошковски: Водата во Гостивар сè уште не е за пиење

Водата од водоводот во Гостивар сè уште не е за пиење, останува да се употребува како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за кризи.

Како што рече, договорено било како ќе се одвиваат следните испитувања и дека тие ќе бидат почести, односно ќе се зголеми континуитетот на мерења на квалитетот на водата од страна на повеќе институции.

-Штом ќе имаме три последователни резултати на исправна вода за пиење на сите мерни точки во градот, тогаш на гостиварци ќе им соопштиме дека водата е и за пиење освен како техничка вода како што се употребува досега – рече Тошковски.

Тој посочи дека ќе продолжи испораката на вода за пиење во шишиња за Гостивар, при што соопшти дека околу 580.000 литри се доставени во изминатите денови од страна на Владата, од општествено одговорни компании и други општини.