Тела на хитлерови војници и возила излегоа на површина од пресушениот Дунав

Екстремно ниското ниво на реката Дунав, предизвикано од долгиот период на голема суша, откри историска глетка во самиот центар на унгарската престолнина.

Екстремно ниското ниво на реката Дунав, предизвикано од долгиот период на голема суша, откри историска глетка во самиот центар на унгарската престолнина.

Во непосредна близина на унгарскиот Парламент, од речното корито се појавија остатоци од Втората светска војна кои лежеле недопрени 81 година.

Случајните минувачи и локалните власти забележале метална конструкција и материјали во калта, по што веднаш биле повикани специјализирани пиротехнички екипи и воени археолози.

На лице место се откриени телата на двајца припадници на германскиот Вермахт, чиешто исчезнување датира уште од драматичните борби за градот во зимата 1944/1945 година.

Покрај човечките остатоци, на истото место е пронајден добро сочуван воен мотоцикл со приколка, неколку канистри за гориво, како и активни противтенковски мини.

Откако локацијата беше брзо обезбедена и блокирана за пешаци и пловила, воените деминери започнаа деликатна операција за неутрализирање и безбедно отстранување на експлозивните направи.

Поради близината на монументалната зграда на Парламентот и фреквентните булевари, безбедносните протоколи беа подигнати на највисоко ниво.

Според првичните проценки на историчарите, се претпоставува дека возилото и војниците паднале во реката за време на опсадата на Будимпешта – една од најкрвавите битки за време на судирот меѓу германско-унгарските сили и Црвената армија, кога голем дел од мостовите на Дунав беа урнати при повлекувањето.