Србија: Демократската партија доби нов претседател – Срѓан Миливоевиќ

Пратеникот во собранието на Србија, Срѓан Миливоевиќ, синоќа победи во трката за нов претседател на Демократската партија (ДС).

Пратеникот во собранието на Србија, Срѓан Миливоевиќ, синоќа победи во трката за нов претседател на Демократската партија (ДС).

Во таа трка зад себе ги остави досегашниот претседател на партијата Зоран Лутовац и третиот кандидат Миодраг Гавриловиќ.

Одлуката беше донесена со гласање на делегатите на Изборното собрание што се одржа во саботата. Тој во вториот круг од изборите го победи досегашниот потпретседател на ДС, Миодраг Гавриловиќ.

Срѓан Миливоевиќ во последното гласање ја доби довербата на 260 делегати на ДС, Миодраг Гавриловиќ 240, а имаше и пет неважечки ливчиња.

„Ќе бидам претседател на сите членови на Демократската партија, кои гласаа за мене и оние кои не гласаа, а особено ќе бидам претседател на сите нови членови на партијата кои ќе ни се приклучат. Нè чека работа на изградба на голема Демократска партија. Не се кандидирав за да победам ниту еден претендент за претседател на партијата. Се кандидирав за функцијата и победив за Демократската партија да го победи Александар Вучиќ“, изјави во саботата за Н1 Миливојевиќ.

Тој беше активист на познатиот „Отпор“ и според неговите зборови бил апсен 42 пати.

На претседателските избори одржани во јуни 2004 година, „Отпор“ ги повика граѓаните да гласаат за кандидатот на Демократската партија, Борис Тадиќ. Во септември истата година „Отпор“ се приклучи на Демократската партија.

Миливоевиќ досега три пати бил пратеник.