(ВИДЕО) Ангелова: Реформите во високото образование веќе немаат пречки
➡Законот за високо образование беше излезен на ЕНЕР крајот на јануари оваа година и навистина предизвика големо внимание, што е и логично, бидејќи ја дава стратешката рамка на делување на универзитетите во високото образование. ➡Она што е важно и сакам да го напоменам е дека имавме јавна дебата, иницирана од страна на министерката за образование и наука, којашто со трпение и внимателно ги слушна сите ставови и заклучоци. ➡Онаа верзија којашто во моментов е на ЕНЕР, можам да кажам дека во целост ги рефлектира барањата на универзитетот. Она што ние побаравме како универзитет е речиси целосно имплементирано во она што го гледаме како последно законско решение. ➡Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ никогаш немаше дебата или реакција на зголемените критериуми за избори и реизбори за звања. И тука ги гледаме повеќе реформските аспекти на овој закон, затоа што дефинитивно со овие критериуми ќе ни се зголеми интернационалната видливост, ќе ни се одобри и рангот на меѓународните сервиси за рангирање, затоа што со овие зголемени критериуми ќе се наметне да се зголеми публицистичката дејност кај наставниците, а тоа е клучен критериум за да се најдеме на овие меѓународни сервиси за рангирање. ➡Потребно е наука за да има и квалитетно високо образование. ➡Потребни се истражувања и потребно е објавување на трудови. Не доволно се објавуваат трудови. Ние имаме статистика направено дека потребно е да објавиме три пати повеќе од она што сега го објавуваме за да се најдеме на „Шангајската листа“. Една од мерките за да се најдеме на листата, дефинитивно е опфатена со законот, вели ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова.
„Законот за високо образование беше излезен на ЕНЕР крајот на јануари оваа година и навистина предизвика големо внимание, што е и логично, бидејќи ја дава стратешката рамка на делување на универзитетите во високото образование. Практично се работи за пакет од три закони – законот за високо образование, квалитет во високото образование и законот за научно-истражувачка дејност.
-Нашиот универзитет секогаш имал експлицитни ставови по битни стратешки прашања, а ова е едно од најважните за нас, па затоа во една инклузивна постапка каде што беа вклучени сите факултети и институти го ставивме законот на јавна расправа. Сите наши заклучоци ги сублимиравме, се донесоа одлуките на ректорска, на Сенат и потоа беа доставени до Министерството за образование и наука. Меѓутоа она што е важно и сакам да го напоменам е дека имавме јавна дебата, иницирана од страна на министерката за образование и наука, којашто со трпение и внимателно ги слушна сите ставови и заклучоци.
-Онаа верзија којашто во моментов е на ЕНЕР, можам да кажам дека во целост ги рефлектира барањата на универзитетот. Она што ние побаравме како универзитет е речиси целосно имплементирано во она што го гледаме како последно законско решение на ЕНЕР“, изјави во „Трилинг“ ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, говорејќи околу предлог законот за високо образование кој веќе влегува во завршна фаза и дали истиот оди во вистинска насока, иако имаше лавина на реакции од колегите од останатите факултети.

Прашана дали тоа значи дека сите критики кои беа потенцирани во изминатиов период се надминати, Ангелова одговара потврдно.
„Надминати се. Она што прво сакам да потенцирам е дека на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ никогаш немаше дебата или реакција на зголемените критериуми за избори и реизбори за звања. И тука ги гледаме повеќе реформските аспекти на овој закон, затоа што дефинитивно со овие критериуми ќе ни се зголеми интернационалната видливост, ќе ни се одобри и рангот на меѓународните сервиси за рангирање, затоа што со овие зголемени критериуми ќе се наметне да се зголеми публицистичката дејност кај наставниците, а тоа е клучен критериум за да се најдеме на овие меѓународни сервиси за рангирање.
-Исто така има голема флексибилност кај законот, односно има одложена примена на овие критериуми, така што сите професори, односно наставници кои се затекнати во определени звања и ќе одат во нареден избор, првиот нареден избор којшто сега ќе им следува ќе биде извршен по постојните критериуми, а потоа наредните избори ќе одат по новите критериуми што ги протежира новиот закон за високо образование. Освен базите на „Web of Science“, инсистиравме како универзитет да бидат отворени особено за хуманистичките науки, базите на „Scopus“. Тоа е сега овозможено. Комплетно се внесени критериумите што ги баравме за избор и реизбор на наставниците на уметничките факултети. Така што во тој сегмент нашите барања се целосно задоволени.
-Потоа во законот вратени се соработничките звања коишто ги баравме. Тоа се помладите асистенти, затоа што тоа ни е многу битно за да имаме еден континуитет од демонстратори, помлади асистенти, потоа асистенти, за да потоа навлезат во нивниот кариерен пат до повисоки звања“, вели Ангелова.

Околу податокот дека, на пример во Битола нема настава, бидејќи нема парно, студентите од Штип одат на пракса во Скопје и дека има големи разлики во финансирањето на универзитетите – минатата година 245.000 евра за капитални инвестиции за УКИМ, а 2 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“, Ангелова вели дека буџетите за капитални инвестиции универзитетите ги добиваат од страна на Министерството за образование и наука.
„Точно е дека не се доволни за нашиот универзитет, бидејќи УКИМ е најголем универзитет и е стар универзитет. Ние за 3 години правиме 80 години, значи голем дел од зградите на нашиот универзитет се веќе руинирани и ние континуирано правиме инвестиции. Дел ги правиме од сопствени средства, дел од фондовите коишто ги добиваме од страна на Министерството за образование и наука. Така што сукцесивно од година во година правиме одредени капитални подобрувања, меѓутоа не е доволно. Потребни се поголеми средства“, вели ректорката.

Прашана зошто Македонија и натаму е далеку од „Шангајската листа“, Ангелова вели дека тоа е така заради тоа што нема доволно наука.
„Значи потребно е наука за да има и квалитетно високо образование. Потребни се истражувања и потребно е објавување на трудови. Не доволно се објавуваат трудови. Ние имаме статистика направено дека потребно е да објавиме три пати повеќе од она што сега го објавуваме за да се најдеме на ‘Шангајската листа’. Една од мерките за да се најдеме на листата, дефинитивно е опфатена со законот. Со зајакнување на критериумите за избори во звања, каде што се бараат повеќе трудови објавени на ‘Web of Science’, дефинитивно ќе се одрази. Во догледно време тоа ќе рефлектира подобрување на рангот на интернационалните ранг листи“, смета Ангелова.

Осврнувајќи се на тоа дали е потребна реевалуација на професорските титули, ректорката вели дека сега со новиот закон не е така.
„Имаме предвидено и реизбори. Има критериуми. Сега се критериумите на повисоко ниво поставени, и ако некој не може да ги оствари ќе биде реизбран во истото звање. Така што никој нема да остане без работа, меѓутоа тие што нема да ги остварат овие повисоки критериуми ќе бидат реизбрани во постојните звања“, вели Ангелова.
Целото интервју погледнете го во видеото.