(ВИДЕО) Во „Трилинг“ со проф. Бауш, адвокатот Алиспахиќ и писателката Трајаноска

Професорот Абил Бауш, Асмир Алиспахиќ, адвокат, и писателката и декан на Универзитетот „Aмерикан колеџ“ Ивана Трајаноска, соговорници во новото издание на „Трилинг“.

Професорот Абил Бауш, Асмир Алиспахиќ, адвокат, и писателката и декан на Универзитетот „Aмерикан колеџ“ Ивана Трајаноска, соговорници во новото издание на „Трилинг“.

„Дали може ние да сервисираме долгови? Да. Колку и да земеме ќе сервисираме, но тие задолжувања не коштаат. Во пазарот на пари, на тој капитал, секогаш ќе зависат од тој кредитен рејтинг кој имаме ние, како и цената на чинење кој треба да го платиме за да ги земеме тие средства. Но друго прашање е дали ние имаме стратегија да ги вратиме тие средства, и дали таа стратегија ќе ја користиме за некоја економско додадена вредност за што се задолжуваме“, смета универзитетскиот професор Абил Бауш, говорејќи за новите задолжувања од 260 милиони евра и дали имаме капацитет да ги сервисираме на ваков начин долговите.

Бауш вели дека треба да се направи дистинкција.

„Не сме високо задолжена држава. Има и други држави кои се повеќе задолжени во однос на нивното БДП. САД, Јапонија се многу повеќе задолжени, но тие ги сервисираат и ги враќаат долговите. Во една анализа која ја направивме на нашиот Универзитет, дојдовме до заклучок дека во овие држави коишто се високо задолжени, влијанието на јавниот долг кон граѓанинот не е големо, за разлика од кај нас, коишто иако не сме ризично високо задолжена држава, сепак нашиот долг влијае многу врз стандардот на животот на граѓаните.

-Тука е тој дел дека треба да почнеме да креираме политики на коишто тој долг што го земаме, прво да креира економско-додадена вредност, вредност во самата економија, а понатаму самиот да се сервисира и да се враќа во етапи. Ризикот кај нас е што сервисираме стари долгови, но другиот ризик е што се задолжуваме за дневни, односно квартални, за пензии, за плати во администрацијата“, вели Бауш.

Околу фискалната стратегија 2027-2031 што предвидува фокус стабилни јавни финансии, економски раст и намалување на сивата економија, професорот вели дека тоа е веќе слушнато.

„Уште кога студиравме ние слушавме како таа сива економија да ја претвориме во нормална, реална економија. По некои статистики 38% од БДП ни е сива економија, Но ова не ме загрижува, затоа што ние тој реформски курс кој треба да го направиме, за да почнеме таа сива економија да ја легализираме, односно да ја направиме нормална економија, јас не ја гледам во стратегијата“, смета Бауш.

„Кога правиме стратегија, без разлика кој закон го носиме, јас не гледам, ниту чувствувам дека тој се интегрира со останатите закони.

-Во моментот, гледајќи го задолжувањето, односно враќањето на ДДВ-то кон компаниите, се гледа дека немаме некој голема ликвидност.

-Со оваа работна сила, со овие владини институции, администрација, нашата економија не може да генерира повеќе од 4% економски раст“, смета универзитетскиот професор Абил Бауш.

„Она што мене ме загрижува е протекувањето на информации во делот на начинот како органите постапуваат во делот на прибирањето на доказите околу предистрагата. Да не заборавиме, ова е предмет којшто сѐ уште во предистрага.

-Согласно Законот за кривична постапка, предистражните постапки и дејствијата коишто се преземаат, во предистрагата се тајност.

-За една ваква една сериозна работа, а тоа е „протекување“ на било каква информација од претседателскиот Кабинет, според мене е несериозно јавно препукување на начинот како се води сето тоа“, изјави за „Трилинг“ адвокатот Асмир Алиспахиќ, говорејќи за наводната шпионажа во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Според него ОЈО ГОКК не требало да соопштува било какви информации околу предистрагата.

„Замислете колку предмети сега се во предистрага. Замислете колку барања има, не само за ОЈО ГОКК, туку и сите обични Обвинителства во нашата држава, во делот на постапување на МВР и други органи.

-Чуму е јавното конфронтирање кога сѐ уште не знаеме што се случува во таа предистрага. Но ако сега ОЈО ГОКК истрча со било какво соопштение, а сѐ уште не знаеме дали воопшто ќе има предмет, сметам дека МВР тука е во право, и сметам дека ставовите на министерот за внатрешни работи, Тошковски, се во ред, бидејќи согласно Законот за кривична постапка, предистрагите се тајност и се водат во тајност“, вели Алиспахиќ.

„’Јета’ во романот ‘Јета’ е една метафора за социјал-комунизмот, за Југославија, за нашето општество, коешто континуирано се навраќа кон минатото, па дури и да ги земеме сите придобивки, особено за Република Македонија, кога едно едно општество континуирано се држи и гледа наназад, неизбежно – нема иднина“, изјави писателката и декан ка на „Американ Колеџ“, Ивана Трајаноска, говорејќи за можноста да се направи разлика од соживот и мултикултурализам.

„’Јета’ во романот е мртва. ‘Јета’ на албански значи живот. Но таа во романот претставува столб ма семејството. Таа е самохрана мајка на два сина, и во романот го следиме животот на цело едно семејство. Во стотина страници се обидувам да прикажам еден дел за којшто многу ретко зборуваме“, вели Трајаноска.

Погледнете го целото издание на „Трилинг“