Жичницата на Водно нема да работи до 24 април

Жичницата „Милениумски крст“ нема да биде во функција во периодот од 21 до 24 април поради редовна техничка контрола, информираат од ЈСП Скопје.

Како што соопштуваат од претпријатието, контролата ќе ја вршат стручни тимови од австриската компанија „Допелмаер“, која е производител на системот.

Од ЈСП посочуваат дека од 25 април, односно сабота, жичницата ќе продолжи со редовно превезување на патници согласно вообичаеното работно време.

Од претпријатието апелираат за разбирање од страна на граѓаните додека трае прекинот.

Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, исто така, за Жичницата се неработни денови.