Спречена експлозија на Пулмологија – пациент приклучен на кислород си запалил цигара

Синоќа била избегната голема несреќа на скопската Клиника за пулмологија, информираат од Министерството за здравство.

Пациент сместен во соба со кислородна поддршка на Клиниката за пулмологија ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара, при што дошло до пожар поради проток на кислород во собата. Тој се здобил со помали изгореници на лицето и градите. Оттаму информираат дека дежурниот медицински пероснал реагирал брзо и дотокот на кислород навреме бил исклучен, па била спречена експлозија.

„Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а во болничката соба оштетен е мал дел од подот“ се вели во соопштението од МЗ.