Спасовски: МВР за граѓаните – Продолжуваме!

„МВР за граѓаните – Продолжуваме!“. Ова е објавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утрово на неговиот Фејсбук профил.

„Од 2017 до 2021 година, реконструирани се 70 објекти на МВР, целосно нови униформи за специјалните единици, Униформираната полиција, Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на БЈБ, за Хеликоптерската единица и за младите полицајци и приправници“, стои меѓудругото во објавата на Спасовски.

„Исплатени се  три бонус плати за прекувремено работни часови, сериозен успех во борба со илегална миграција, недозволена трговија со дрога и оружје, зголемена безбедност на сообраќајот на патиштата. Вратена е довербата на граѓаните во МВР, воспоставен концепт полиција – сервис на граѓаните. Република Северна Македонија е рангирана како најбезбедна држава на Западен Балкан, со скок од 71. место на 40.место во овој временски период“ – напиша Спасовски.

„Во 2022 година зголемување на плата за пет проценти на сите вработени во МВР, обезбедени средства за бонус плата за оствaрени над 150 часа прекувремена работа во 2021 година, реконструкција на Центарот за обука Идризово, Одделот за граѓански работи во МРТВ и изградбата на Полициската станица Аеродром. Продолжува реновирањето на ОВР Прилеп, ОВР Радовиш, ОВР Делчево, ОВР Берово, ЕВР Карпош, Одделот за заштита на личности и објекти во Скопје, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе. Национален форензички центар – нов објект на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења. Проект „Автоматизирана идентификација на отпечатоци од прсти и дланка“ – нова лабораториска опрема за Крим-техника. Модернизација на летало на Оддел за воздухопловни единици на МВР, со најмодерна опрема за комуникација и опрема за гасење пожари“ – објави Спасовски.