Силен потрес во Херцеговина, го почувствуваа и во Хрватска и Црна Гора

Земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер, со епицентар во местото Столац, се почувствува вчера на поширокото подрачје на Херцеговина, како и на јадранското приморје во близина на Дубровник и границата меѓу Хрватска и Црна Гора.

Потресот, кој се случи во 21 часот и пет минути, според локалните и регионални медиуми, се почувствувал и во Сараево, Зеница, Мостар, Јабланица.

Засега, нема информации за можна штета. Земјотрес со слична јачина на почетокот на месецов ја стресе областа околу Травник, во БиХ.