Села реизбран за претседател на партијата, ја отфрла шпекулацијата за влез во Влада

Зијадин Села едногласно е реизбран за претседател на новоформираната Албанска лига, откако досегашната Алијанса за Албанците официјално го промени своето име на Петтиот партиски конгрес.

Зијадин Села едногласно е реизбран за претседател на новоформираната Албанска лига, откако досегашната Алијанса за Албанците официјално го промени своето име на Петтиот партиски конгрес.

„Кој е за? Да видиме дали има некој против? Со 713 гласа „за“, колку што денес има делегати, едногласно господинот Зијадин Села е избран за претседател на Албанската лига“, беше соопштено на Конгресот.

Под мотото „Лигата е жива“, партијата го одржа својот петти конгрес, на кој беше потврдено новото име и политичката насока на субјектот.

Во продолжение на говорот тој испрати порака и во врска со шпекулациите дека неговата партија би можела да стане дел од Владата.

„Вратите на срамот никогаш не се затвораат. Тоа е врата на срамот. Низ таа врата Албанската лига и нејзините пратеници нема да влезат. Албанската лига и нејзиното наследство од Алијансата за Албанците знаат и да излезат од тие врати, како што покажале во минатото“, изјави Села.