Села коалицираше со Ахмети

Зијадин Села и неговото крило во Алијансата за Албанците на претстојните избори ќе биде дел од коалицијата предводена од Али Ахмети.

Села денеска изјави дека одлуката била донесена едногласно на седница на Централното собрание.

„Одлучувавме и за понудата од страна на Европскиот фронт, јас веќе ги објаснив позициите на АА – делегатите едногласно одлучија, еден беше против, и четворица воздржани за АА да биде дел од „Европскиот фронт“, дел од одговорностите што треба да ги преземеме, за да нашата иднина биде уште подобра. Бројот на пратеници ги одредува народот, гласачите, а не политичките партии. А ние сме се договориле во оваа коалиција, АА да ја зачува парламентарната група во Собранието. Но како резултат на гласањата од гласачите, овие бројки може и да се зголемат. „Европскиот фронт“ ќе биде апсолутен победник на изборите. Алијанса за Албанците ќе има минимум парламентарна група, рече Села.

Актуелниот министер за одбрана, Тирон Јајага, е избран за шеф на изборниот штаб, а Села очекува на претстојните парламентарни избори да освојат најмалку пет пратенички места.