Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство си поднесе оставка, ова е името на новиот директор

По нешто повеќе од две години на чело на Агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Андовски.

Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. На негово место е назначен досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски, објави ТЕЛМА.

Миланов ја презеде директорската функција на 4 јули 2024 година, откако Владата на 2 јули истата година го именуваше за вршител на должноста директор.

По нешто повеќе од две години на чело на Агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Јовица Андовски.

Андовски пак ја вршеше функцијата заменик-министер за здравство во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година (како и претходно во периодот од 2011 до 2017 година).