Северна Кореја истрела повеќе од 200 гранати: Јужна Кореја нареди итна евакуација

Северна Кореја истрела повеќе од 200 артилериски ракети во близина на нејзиниот западен брег, во близина на јужнокорејските острови Бенгњеонг и Јеонпјеонг.

Си-Ен-Ен јавува дека ова утрово го соопштиле јужнокорејските власти.

Се вели дека артилериските проектили паднале во зоната на одвојување, северно од Северната гранична линија (NLL) помеѓу девет и 11 часот по локално време.

Јужна Кореја нареди евакуација на два нејзини острови по севернокорејскиот артилериски оган, пренесува AFP.

Генералштабот на армијата на Јужна Кореја соопшти дека открил артилериски оган северно од граничната линија на Демилитаризираната зона, де факто поморската граница меѓу двете земји, пренесува Јонхап.

Тампон зоната беше формирана како дел од меѓукорејскиот воен договор потпишан на 19 септември 2018 година, за да се намалат тензиите на границите.

Јужна Кореја ги нарече севернокорејските вежби како провокација, а во инцидентот не е забележана штета.