
Светски познатиот тенор Хозе Карерас и македонските „олл-стар“ ѕвезди на Плоштад „Македонија“ по повод „35 години независност“
На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје по повод 35 години независност ќе биде одржан концерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, како и Македонија олл стар - Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска и Игор и Ана Дурловски. Ова е втор настан во рамки на одбележувањето на 35 години независност по настапот на Давид Гета и Монолит шоу на 8 септември на Градскиот стадион.
На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје по повод 35 години независност ќе биде одржан концерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, како и Македонија олл стар“ – Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска и Игор и Ана Дурловски.

Ова е втор настан во рамки на одбележувањето на 35 години независност по настапот на Давид Гета и Монолит шоу на 8 септември на Градскиот стадион.
_ytQbTTkun/large.webp?use_watermark=1)
Калиопи, изјави дека претставува голема чест и привилегија да се биде дел од нешто со што славиме толку години држава и независност, порачувајќи дека таа вечер единствена голема ѕвезда ќе биде нашата прекрасна Македонија, која ќе има прилика да го угости еден од најголемите тенори на сите времиња.
_mv0RVDFVK/large.webp?use_watermark=1)
– Голем вистински момент е што Карерас ќе стапне на светата земја Македонија. Земја на музиката, земја на многу талентирани гласови и музичари и мислам дека ние ќе бидеме нежни со него и ќе го угостиме на начин, што само ние умееме – рече Калиопи, нагласувајќи дека овој концерт за неа ќе биде празник и некаков нов почеток за нешто, што не ни се случило.
Каролина Гочева порача дека претставува чест да се настапи по повод 35 години независност на својата земја.
_JHgmBmmK3/large.webp?use_watermark=1)
– Сум била досега неколку пати на ваквите прослави и секогаш со големо задоволство сум настапувала. Сега ми е посебно драго што освен нашите музички великани ќе ни се придружи и еден музички великан од светската сцена – изјави Гочева.
Влатко Стефановски изрази големо задоволство што седи на маса со своите драги пријатели и пријателки, музичари со кои, како што рече, се среќаваат од време на време за убави прилики.
_ARza2QdZM/large.webp?use_watermark=1)
– Ние цело лето ќе бидат на разни страни, меѓутоа верувам дека до 1 септември ќе се прибереме живи здрави и ќе уживаме на тој голем спектакл – рече Стефановски.
Сузана Спасовска рече дека по повод јубилејот 35 години години независност сите ќе покажат колку се дале во овие години и што се направиле за Македонија, а исто така и таа за нас.
_bGDHKuJmq/large.webp?use_watermark=1)
– Драго ми е што и оваа година ќе бидам на плоштадот заедно со оваа екипа и Македонската филхармонија. Благодарност за поканата. Убаво е што ќе имаме голема светска ѕвезда, но сите ние ќе покажеме што значи македонската песна и што сме ставиле во овие 35 години во тој голем македонски мозаик, на таа македонска сцена. Македонија не само 35 години, би сакала да биде вечна – изјави Спасовска.
Ана Дурловски, изрази задоволство за поканата да учествуваат во музичкиот програм и со таа наша уметничка зрелост и вокална естетика ќе придонесеме за достојно одбележување на најголемиот државен празник.
_jCyNa0fgT/large.webp?use_watermark=1)
Владината портпаролка, Марија Митева, на прес-конференцијата посочи дека како Влада се подготвуваат за достојно одбележување на 35 години независност.
– Навистина ни е важно и сакаме граѓаните да уживаат и да покажеме дека имаме капацитет да организираме настан со македонски и светски ѕвезди – изјави Митева.
_C4x7HrdgE/large.webp?use_watermark=1)
Митева, исто така, најави дека ќе следуваат уште настани во рамки на одбележувањето кои ќе бидат дополнително откриени.
Бобан Милошески од „Авалон Продукција“, на прес- конференцијата по повод одбележувањето на „35 години независност“, рече дека ова е вечер на спој на македонската музика со светската класика.
– Сакавме да споиме нешто што е светско заедно со нашето македонско, кое ќе покаже дека воопшто во ниту еден сегмент не е ниту помалку светско, ниту помалку квалитетно. На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје ќе имаме концерт на Хозе Карерас и Македонија олл стар. Ќе има многу изненадувања таа вечер, кои нема да бидат соопштени. Оваа екипа на Македонија олл стар е личен мој избор и јас носам одговорност дали требало да има уште некој друг – изјави Милошески.
_bnrPuaPwj/large.webp?use_watermark=1)
Тој посочи дека во „Македонија олл стар“ биле повикани и Владо Јаневски и Симон Трпчески, кои за жал не се во Македонија во тој период и нема да можат да настапат.
Настанот е поддржан од Македонската филхармонија. Аранжман на песните ќе прави Николче Мицевски, а ќе диригира Сашо Татарчевски.
_nKHc7f0UZ/large.webp?use_watermark=1)
-Навистина ми е предизвик и чест да го сработам овој концерт. На песните ќе дадеме едно поинакво руво, симфониско начело, само да ја збогати веќе нивната вредност која што ја имаат – изјави Мицевски.
Директорот на Македонската филхармонија, Мустафа Имери кажа дека му е чест што токму оркестарот на Филхармонија ќе ја отвори прославата по повод 35 години независност на Македонија.