
Сара Климоска на црвениот килим со славната Емили Вотсон во Сараево
Актерката Сара Климоска, годинава, членка на жирито во главната програма, синоќа, во бел необичен ансамбл и одличниот англиски јазик, блескаше на отворањето на 32. Сараево филм фестивал, кој со црвениот килим наликуваше на Холивуд.
Актерката Сара Климоска, годинава, членка на жирито во главната програма, синоќа, во бел необичен ансамбл и одличниот англиски јазик, блескаше на отворањето на 32. Сараево филм фестивал, кој со црвениот килим наликуваше на Холивуд.

Жирито на натпреварувачката програма – долгометражен филм на најпрестижниот филмски фестивал во регионот го предводи актерката Емили Вотсон (претседател), два пати номинирана за Оскар, а покрај Климоска го сочонуваат о режисерот Игор Безиновиќ, директорот на Европската филмска академија Матијс Ваутер Кнол и режисерката Атина Рејчел Цангари.


Сара Климоска дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопјe, а оттогаш гради значајна кариера на домашни и меѓународни филмски и телевизиски проекти.
Својата најнова главна улога ја играше во филмот „Збогум, Копакабана“ во режија на Милчо Манчевски, чија премиера е закажана за 2026 година. Ова е нејзина трета соработка со наградуваниот режисер, по филмовите „Врба“ и „Кајмак“.

Меѓу нејзините позначајни филмски наслови се „Нема да бидеш сам“ од Горан Столевски, кој премиерно беше прикажан на Санденс, „Домаќинство за почетници“, претставен на Венецискиот филмски фестивал, „Преекспониран“ од режисерката Елеонора Венинова и „Спектар“ од Горан Радовановиќ. На меѓународната сцена, таа играше и улоги во филмовите „Нико“ во режија на Елина Геринг, „Семејни тајни“ од Малик Витал и „Одговор“ од Џејсон Лестер.

Учествуваше во програмите „Талентс Сараево“ на филмскиот фестивал „Сараево“ и „Берлинале Таленти“. Во 2022 година, таа беше номинирана за наградата „Срцето на Сараево“ за нејзината улога во телевизиската серија „Мочвара“. Една година претходно, таа ја доби наградата „Европска ѕвезда што паѓа“ благодарение на нејзината изведба во филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов.

Покрај глумата, Климоска се посветува сè повеќе и на режирање и пишување сценарија. Моментално го развива својот втор краток филм „Оковани“.

Во трка за „Срцето на Сараево“ на 32-от Филмски фестивал во Сараево се натпреваруваат 51 филм, додека еден филм ќе биде прикажан надвор од конкуренцијата. Оваа година, селекцискиот тим го предводеше Изета Граѓевиќ, креативен директор на Филмскиот фестивал во Сараево.

Жирито ќе го додели Срцето на Сараево во натпреварувачката програма – игран филм.
Победниците ќе бидат објавени во петок на 21 август на церемонијата на доделување на наградите.
Добитници на почесното Срце на Сараево, годинава се американскиот актер Вуди Харелсон, актерката и претседател на жирито Емили Вотсон и босанскиот актер Емир Хадџихафизбеговиќ.