Русија постави нуклеарни боеви глави на системите „Искандер-М“ во рамки на воена вежба

„Обезбедена е испорака на нуклеарна муниција до теренските пунктови за складирање во позициските сојузни реони на ракетните бригади. Персоналот од ракетните единици извршува воено-тактички задачи за преземање специјална муниција за оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“, опремување на ракетите-носители со нив и прикриено придвижување кон одредениот позициски реон како подготовка за ракетни лансирања“ – соопштија од Министерството за одбрана.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека неговите сили испорачале нуклеарни боеви глави за мобилните лансирни системи „Искандер-М“, ги наполниле и вежбале нивно преместување до неодредени локации како дел од голема нуклеарна вежба.

„Обезбедена е испорака на нуклеарна муниција до теренските пунктови за складирање во позициските сојузни реони на ракетните бригади. Персоналот од ракетните единици извршува воено-тактички задачи за преземање специјална муниција за оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“, опремување на ракетите-носители со нив и прикриено придвижување кон одредениот позициски реон како подготовка за ракетни лансирања“ – соопштија од Министерството за одбрана.

Во соопштението се наведува дека нуклеарните сили кои учествуваат во вежбите се ставени во највисок степен на борбена подготвеност за лансирање нуклеарно оружје.

– Во рамките на вежбата, нуклеарните сили одработија практични мерки за доведување на единиците и воените делови способни за употреба на нуклеарно оружје во највисок степен на борбена подготвеност, соопшти воениот ресор, а пренесува ТАСС.

Во воените маневри учествуваа вкупно над 64.000 војници, повеќе од 7.800 парчиња оружје, воена и специјализирана техника, вклучувајќи над 200 ракетни лансери, повеќе од 140 летала, 73 бродови и 13 подморници, од кои осум се стратешки ракетни подморници.