Рама: Само разговорите може да го решат конфликтот Украина – Русија

Еди Рама – премиерот на Албанија вели дека разговорите се единствениот начин за решавање на украинско-рускиот конфликт

„Најпрво сакам да истакнам дека нашите позиции за ова прашање се јасни, добро познати, за мене начинот на решавање на оваа растечка тензија се преговори, начинот на изнаоѓање на сите можни причини за разговор, трпеливо барање заеднички јазик иако тоа може да изгледа тешко“ – рече Рама.

Според него, секој Албанец кој малку се интересира за оваа проблематика „денес треба да се чувствува добро и како дел од таа заедница на вредности, во смисла на можноста што ни е дадена да дадеме придонес и фактот дека ја знаеме способноста да направиме дополнителен придонес“.

„Станува збор за создавање партнерство кое ќе го ангажира советот за безбедност на оваа тема и не само тоа. Имаме наш план во овој дел, ќе имаме можност да играме улога, искористувајќи ја тежината што ја дава САД на оваа двојка. За други аспекти, не сакам да коментирам, искажаното е јасно, немаше двосмисленост, во нашата тежина во оваа пресметка на слонови велиме разговори и само разговори“ рече Рама.