Ердоган и првата дама закачија корона!

Претседателот на Турција – Реџеп Таип Ердоган соопшти дека денеска тој и неговата сопруга добиле позитивни тесови на коронавирусот. Засега имаат само благи симптоми.

Турскиот претседател изјави дека анализите покажале дека бил заразен со Омикрон варијантата на вирусот.

„Денеска добив позитивни резултати од тестот за ковид што јас и мојата сопруга го направивме по благи симптоми. Ќе продолжиме да работиме од дома“ – напиша Ердоган на социјалната мрежа – Твитер.