Единствената причина за автобуската несреќата на автопатот „Струма“ е човечка грешка

„Бугарската истрага за сообраќајката на автопатот „Струма“ кај Перник во која загинаа 45 граѓани на С. Македонија е завршена“. Ова за БТВ го изјави истражителот на бугарската Национална истражна служба – Младен Петров.

Заклучокот од истрагата е дека единствена причина е човечка грешка на возачот. Петров напомена дека поради непостоење на виновно однесување, случајот речиси сигурно ќе биде затворен.

Тој изјави и дека само однесувањето на возачот на македонскиот автобус е причина за настанување на таквата состојба и несреќата. Проверени се сите претпоставки за присуство на запаливи течности во автобусот и јасно е утврдено дека такви немало. Истрагата утврдила дека видливоста била добра и немало магла.

Отфрлена е верзијата дека ознаката можеби е причина за несреќата. Хоризонталните ознаки на патот и страничните ознаки биле малку избледени, но не и невидливи.

„Средната, централна линија што ги дели лентите е прилично светла и секако видлива“ – рече Петров.

Насочувањето на автобусот на „Беса транс“ од активната коловозна лента и ударот во заштитната ограда довело до продирање и уништување на конструктивни елементи, притисок на резерворот за гориво и компресија на неговата содржина.

„Ова е придружено со обилни искри од триење, кое ја достигнало потребната температура и притисок за да се запали горивото“ – изјави Петров.

Тој најави дека сега се чека преглед на мислењето на истражниот тим, кое ќе го вршат обвинители.

„Треба да се вклучат жртвите, роднините на загинатите и преживеаните патници. Нашето мислење е дека нема виновно однесување што е причинско-последична врска за овој резултат“ – рече Петров.