Ракетен напад во Украина – експлозиите одекнуваат во главниот град

Утрово руските сили повторно извршија масовен ракетен напад врз Украина, а цел е и Киев, каде во неколку наврати одекнаа експлозии, јавуваат украинските медиуми.

Главниот град на Украина, Киев, повторно се најде на удар на руски беспилотни летала, а властите предупредија и на ракетни напади од Москва.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека во вторникот наутро се слушнале експлозии во градот и дека остатоците од дрон предизвикале пожар во областа Десњански, во близина на центарот.

Аларми имаше и во други градови, меѓу кои Керсон и Николаев.

Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина објавија дека Русија подигнала 16 стратешки бомбардери Ту-95МС од кои лансира ракети и дека е прогласена тревога за воздушен напад низ цела Украина.

На ракетниот напад му претходел напад со беспилотни летала, јавува Интерфакс Украина и наведува дека украинската воздушна одбрана ги уништила сите 35 дронови лансирани од Русија.