Путин: Немаме лоши намери кон соседите!

Секогаш сме кажувале, немаме никакви лоши намери кон нашите соседи, изјави во видео порака рускиот претседател Владимир Путин по повод церемонијата на подигање на руското знаме на траектот „Маршал Рокосовски“. Тој додаде дека Русија само одговара на негативни постапки од други земји. Ги советуваше соседните земји да не ја влошуваат ситуацијата и да не воведуваат ограничувања.

„Не гледам потреба да се влошува систуацијата, ниту да ги влошуваме нашите односи“ рече Путин.

Според него, ако некој не сака да соработува, тоа ќе ѝ наштети на Русија, но, земјата, како што тој тврди, сепак, ќе ги реши проблемите и ќе победи.

„Ние повеќе пати покажавме, а подготвени сме да го направиме тоа уште еднаш. Ако некој не сака да соработува со нас, си нанесува штета и самиот на себе. Се разбира, ни наштетува и нам, но, во што? Ќе мораме да поместиме некои проекти малку надесно, да добиеме дополнителни компетенции, на ист начин, како што го правевме тоа и за други проекти“ порача Путин.

Смета дека задачите што стојат пред Русија ќе бидат реализирани.

„На крај краишта, од ова ќе имаме корист, бидејќи, како што веќе реков, ќе стекнеме дополнителни компетенции“ заклучи Путин.