Проф. Ана Чупеска – “ТВРДИ ОРАХ” и ФАЛЦ ТЕЗИ

Укажувањата и изразената загриженост околу неконструктивноста на актуелната опозиција во врска со процесот на пристапувањето на земјава кон ЕУ, повторно се актуелизираа изминативе денови. Прво Ескобар (спец.претставник на State Dept. за Западен Балкан) во својата директна забелешка кажа : “не бараме опозицијата да го поддржи Премиерот туку да го поддржи евроатланскиот пат на Северна Македонија”, а со цел да имаме кредибилна завршница на Меѓувладината Конфереција. Второ, Агелер (амбасадорката на САД) ги соочи опозиционерите со иста поента: “или го подржуваш патот до ЕУ или се изнесува став против”, и додаде една дополнителна вредносна тежина кога изрази и разбирање за Mакедонците дека веќе донеле доволно тешки одлуки и дека властите во Софија неправедно се поставиле кон земјава. Сарацин (специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан), се надоврза повторувајќи дека “нема време за губење и дека е важно да се продолжи со процедурата за пристапување” и дека “нема да добеме подобра зделка” (исто како што веќе ни рече Борел).

И сите со јасен акцент дека иднината на земјата ќе биде НЕИЗВЕСНА доколку не побрзаме да го решиме тоа што ни виси како обврска.

Мили мои,  веќе, непријатно ми е да се повторувам, но овие пораки, укажувања и молења, никако да оддекнат во ушите на г-дин Мицкоски – звани “тврди орах”. Срамно е како тие никако не резонираат до некои вжештени глави. Кој знае пак,  како им е на овие наши меѓународни пријатели кои секој месец  доаѓаат  да го молат г-дин Мицкоски за едно те исто:  воглавно, да овозможи прогрес и сигурност на земјава, на Регионов, на Европа.

На овие наши пријатели кои инвестираат во развојот на нашата земја и на нашата демократија и безбедност, мислам дека треба да им се додели “ОРДЕН ЗА ТРПЕНИЕ”.  Сиромашките мора да се справуваат со детските тантруми на инфантилизираната политика во опозициските редови. Страшно е што опозицијата со своето однесување потсетува на  изолационистичкиот модус операнди на Груевски. Но, вреди и да се потсетиме дека, и тој исто така изиграваше “тврди орах”,   но, на крајот пукна како балон дупнат со игла.

 

Во таа тантрумска и медиумски поткрепена напаст, а оркестрирана од опозицијата меѓудругото упорно се верглаат и фалц тези. Таква е например  тезата дека упатниот и соодветен контра – одговор на Ковачевски на провокациите од Јотова и Радев биле контрадикторни со барањата од преговарачката рамка за уставни измени.  Живти бога? Кај Ви текна ваква измислица?

 

Вака, на кого не му е јасно, би требало што поскоро да му се разјасни дека тие и такви провокации,  прво, се една неизоставна  фолклорна декорација  во налетот да се формира политичка Влада во Бугарија, и воопшто, тие  се познат наратив кој е katchy  во контекстот во кои се наоѓа бугарското истормозеното политички и посекако – општство. Второ, зошто, побогу да налетуваме и да се лепиме како “муви на г….” и да им правиме атер на изборните и постизборните калкули таму, а спротивно на нашиот државен интерес?

Или , можеби ќе ме раберете подобро ако прашам: за чив интерес тие тези ги продавате тука?

 

Односите со Бугарија се предмет на билатерални надворешно- политички односи, и во тој контекст, пораката на Ковачевски  од Рејкјавик е токму тоа:  билатерално решавање  на еден тековен предизвик,  и тоа нема ама баш ниаква врска со процесот на преговори со ЕУ и со нашите обврски сосгласно преговарачаката рамка!

Со други зборови,  сега, откога е утврдена преговарачката рамка и се заврши и дијалогот околу идентитетскиот спор со “Бугарите”  на начин точно пропишан во Преговарачката Рамка со ЕУ – преку соодветните уставни интервенции – ние прашањата со нив треба да си ги решавеме билатерално. Ова е од проста причина што :  НИЕ НЕ ПРЕГОВАРАМЕ СО БУГАРИТЕ,  ТУКУ СО ЕУ! Преговарачката рамка си е јасна и тоа е тоа! А кој збори поинаку- лаже.

 

Или, уште попросто: за да влеземе во ЕУ, мораме да ја следиме преговарачката рамка која сме ја прифатиле.  Пред да се дојде до таквата преговарачка рамка (т.н. француски предлог), ние воопшто не ни седевме на “истата маса” a нашата земја се бореше за видливост и  за да добие што е можно подобри позиции. И такви позиции добивме. Најдобрите можни – со комплетно заштитен македонски јазик и идентитет, плус внесен во европското законодавство. Затоа и Борел, кажа дека ова е најдобрата можна зделка и нема да има друга, а тоа го повтори и Сарацин пред некој ден. Како што впрочем повтараат  и сите високи функционери од демократската хемисфера кои се обидуваат да ни помогнат. Дополнително, да не заборавиме, дека еве не денес,  после една година од разговорите со Бугарија, нашите тимови се секојдневно во Брисел, тие успешно преговараат и скринигот тече согласно роковите и обврските.   И ова е голема разлика. Оттука,  се и повиците од овие високи функционери – да продолжиме на патот, да не се самоутепаме, зашто во спротивно не очекува неизвесност!

 

Но, како да се антиципираат големите ризици кои претстојат доколоку не го деблокираме европскиот пат? Зошто, побогу самите да си ја исечеме гранката на која седиме и ја запечатиме европска перспектива –  ЗОШТО ???

Во едни такви самоизолациски и “асоциајлни” услови, кога на пример, можно е соседна Албанија да  посака  оправдано да продолжи напред сама: без нашиот инфантилен багаж, и,  кога соседна Албанија релано и без нас би можела да ги отпочне преговорите: што мислите мили опозиционери – дека фрустрациите ќе се намалат кај Македонците?

Јас не мислам така, мислам дека уште повеќе ќе се зголемат!

И не само тоа , се плашам дека начините на дефрустрирање ќе бидат далеку посложени одошто сегашните. Посебно, имајќи ги предвид разликите во поддршката и во евроскепската која во моментов ги заследува и меѓуетничките линии, или, поточно подршката за ЕУ која расте кај албанското население во земјава, истовремено се намалувала кај македонското (дури и според вашите анкети, ова е така). Прашањето е сега, дали, во едно вакво евентуално сценарио, би биле среќни кога постои и можност за имплозија од дефрустрирањето – кое би било драстично различно кај двете најголеми етнички групи. Несакам ни да помислам дека во таква ситуација на растечки етнопопулизам во кој опцијата за меѓуетнички тензии  исто така ќе биде драстично зголемена, вие може да се пронајдете  себеси.

Дали овие ризици ги антиципиравте Вие- ораслии? И што со тоа – вие врвни и ексклузивни чувари на достоинството на Македонците?

Другиот ризик, од неуспешно евроинтеграциско сценарио секако дека е поврзан со реставрација на еден нов авторитаризам, кој мислам дека во една идна втора епизода би бил далеку поцврст одошто Груевизмот, доколку повеќе што  и тој може да се воспостави поради наративите со кои се расфрлате, а се опасно националистички. Но деновиве гледам зошто г-дин Мицкоски нема време за да го изанализира сето ова …па тој си имал проблеми во неговото маало….спа се бори да нема улица во негова близина, преку измислени граѓански иницијативи. Е токму ова,  очигледно го одредува политичкиот калибар на лидерот на најголемата партија….ништо повеќе од маалски, тесноглед и секако себичен светоглед. Малски тврди орах.

Конечно, во изборните предвечерија, секако дека е најлесно е да се поларизира електоратот, да се биде голем патриот “од камено доба”, па да се лелека за минатото. Но, со ваквите жалопојки, не ни носат ништо корисно, освен ветер во грб на некои структури кои не сакаат да го видат Балканот во ЕУ. Се надевам нивното влијание се повеќе ќе станува маргинално – особено имајќи ги предвид геополичиките превирања. Можеби затоа, впрочем и маaлските теми за некого се поважни од глобалните или тоа е нивниот политички максимум?!