(Видео) Ванковска: Македонија е се што немаме, прв приоритет – раскинување на Договорот за т.н. добрососедство со Бугарија

„Резултатот е катастрофален во сите овие подрачја, не можам да не кажам дека дел од тие реформи беа поддржувани од нашите странски сојузници. Треба да седнеме и да видиме дали некои од овие мерки имаа и контраефекти. Да ја тргнеме приказната ЕУ не надгледува, како Господ да не гледа, па ние пазиме што правиме. Ако од правните факултети извадите морални `инвалиди` кои ја гледаат струката само за да се снајдат во животот, тогаш ние имаме сериозен проблем“ – вели претседателската кандидатка Билјана Ванковска во најновото издание на Трилинг.

На прашање „Како до уставни промени и внесување на Бугарите во преамбулата, ако е невозможна промена на преговарачката рамка“ таа вели „Доколку ЕУ опстојува на ова, ние имаме вродено право да си носиме сопствен Устав. Јас во мојата програма предвидувам не корекции во преамбули, туку сосема нов граѓански демократски Устав, заснован на идејата на социјална правда.

Во врска со меѓуетничките односи во државата, таа смета дека „Етнотрибализам како што го нарекувам е нешто што е рак рана на ова општество. Имаме паралелни општества, елитите на власт најдобро си комуницираат, нив не им пречат разликите, нам ни треба будење на народот кој нема да дозволи манипулација. Постои намера зборот национализам да се етикетира како нешто штетно. За жал во ваков свет мислам дека македонскиот национализам е во дефанзива, стануваме граѓани од втор ред во сопствената држава, затоа што некој ни набива комплекс дека сме премногу националисти. Македонија е се што немаме“.

За тоа кои ќе бидат приоритетите на идниот претседател на државата, вели „Раскинување на Договорот за т.н. добрососедство со Бугарија, без кавги, никогаш македонскиот и бугарскиот народ не биле подалеку. Мојата девиза е `Во борба македонски народе`, затоа што се изгубивме“.