Протест на Кванташки пазар,како резултат на незадоволство од условите за работа

Како резултат на незадоволство од условите за работа,закупците на тезги на Кванташки пазар во Скопје протестираа утрово од 6 до 9 часот.

Закупците својот протест го најавија уште вчера. Тие се пожалија дека немаат основни услови за работа, односно нема соодветна канлизациона мрежа, па така и при помал дожд се случува поплавување на улиците, но и магацините.

Ситуацијата на Кванташки пазар е лоша, а закупците се жалат и дека не постојат доволно тоалети, но посочуваат и останати проблеми за кои сакаат да разговараат со раководството на пазарот.