Премиерот Заев е во Бугарија: Жртвите се меѓу 25 и 30 години, има и 12 деца
Македонскиот премиер Зоран Заев со министрите Османи и Филипче се во Бугарија поради страшната несреќа во која се запали автобус со македонски патници и притоа 46 луѓе го загубија животот, на автопатот Струма.
Во интервју за бугарските медиуми, Заев рече дека ќе се сретне со седумтемина преживеани од трагедијата, а веќе успеал телефонски да зборува со еден од преживеаните во несреќата.
„Рече дека слушнал експлозија. Тој и другите шест преживеани ги скршиле стаклата на автобусот и успеале да побегнат и да се спасат. Жртвите на трагедијата се млади луѓе на возраст меѓу 25 и30 години, има и 12 деца. Трагедијата е голема. Им веруваме на нашите бугарски колеги. Доколку им треба помош, подготвени сме да им помогнеме во истрагата. Сега најважно е да видиме како да им помогнеме на настраданите“ – порача премиерот Заев.