Пратеничката Михаиловска: Итната помош нема да се приватизира!

„Брзата помош не се приватизира, само ќе се зголемат нејзините ресурси за и граѓаните од руралните средини да имаат постојана здраствена заштита”. Ова го изјави пратеничката Соња Михаиловска, член на парламентарната Комисија за здравство.

Таа ја демантираше опозицијата дека итната медицинска помош се приватизира во Јавните здравствени установи и наведе дека Итната помош на приватните болници ќе се користи бесплатно.

Партијата Левица заедно со ВМРО–ДПМНЕ денеска ја блокираа седницата на Комисијата со тоа што поднесоа 1.200 амандмани по измените на Законот за здравствена заштита.

„Дали блокадите од опозицијата се со цел да го заштитат монополот на приватните болници”- праша Михаиловска.

Таа рече дека е изненадена и од коментарите за трансплантација во приватното здравство.