Почнува шестото издание на „Статуафест“

На Сквер Јадран во Скопје од денеска па до сабота ќе се одржи шестото издание на фестивалот „Статуафест – Другото лице на улицата – Танго на улица“.

„Статуафест – Другото лице на улицата „Танго на улица“, како и секоја претходна година концептуално раскажува приказни. Оваа година ќе раскажува за претворањето на Скопје во една мала, но сепак – огромна уличка сместена некаде во некој раздвижен простор во длабочините на духот на аргентинското танго, тежнеејќи да ги видиме и запознаеме оние страсни скопјани кои со сиот свој дух лудуваат по тангото „премачкани“ во тој разигран уличен миг на евергрин“ – посочуваат од Здружението граѓани „Тим Театроск“ кои се организатори на фестивалот.

Она по што е препознатлива ова продукција се пантомимските улични точки и уличните подвижни статуи, како поединечни, така и во акт, т.е. слика.