Почна штипската „Пастрмајлијада 2026“, со традиционално сечење на џиновската пастрамајлија

Со традиционално сечење на џиновската пастрамајлија на шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип почна манифестацијата штипска „Пастрамајлијада 2026“. Џиновската пастрамајлија  беше долга два метри и 10 сантиметри, за нејзина подготовка на пекарот Николче Малинов и неговиот тим им беа потребни 17 килограми свинско месо, четири литри масло за јадење и 20 килограми брашно.

Со традиционално сечење на џиновската пастрамајлија на шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип почна манифестацијата штипска „Пастрамајлијада 2026“. Џиновската пастрамајлија  беше долга два метри и 10 сантиметри, за нејзина подготовка на пекарот Николче Малинов и неговиот тим им беа потребни 17 килограми свинско месо, четири литри масло за јадење и 20 килограми брашно.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов истакна дека Штип организациски е подготвен да ги пречека гостите од земјата и странство, за да го вкусат кулинарскиот специјалитет по кој градот Штип е препознатлив, но и да се забавуваат, бидејќи и годинава има музички групи и познати музички артисти од земјата и странство.

-Оваа година на две локации се предвидува да има организирано настани и културно-забавна уметничка програма на шеталиштето „Ванчо Прќе“, а Градскиот стадион е локацијата на која што ќе се одржи вечерниот концерт на Јован Јованов и Елмир Мекиќ, за да на крај заврши познатата балканска музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. ​Посакувам сè да помине во најдобар ред. Логистички и организационо се подготвивме да бидеме подобри од минатите години во комуникација со надлежните институции. Направен е план за влез на илјадници возила од страна, а во име на тоа апелирам до сите гости кои од околните градови и држави кои планираат викендов да пристигнат во Штип, неколку неколку часа порано да дојдат, затоа што имаат причина повеќе да вкусат штипска пастрмајлија, да се запознаат со градот Штип и да уживаат во богатата програма која е предвидена во овогодинешната манифестација „Пастрмалијада 2026“ – изјави Јорданов.

​Тој истакна дека со организирањето на оваа манифестација се помага и локалната економија и угостителски капацитети

– Верувам дека илјадниците гости од страна, со прометот кој што ќе го направат практично ќе ја подобрат дејноста на стотици дејности и локални компании кои ќе работат овој викенд во Штип и на тој начин да ѝ помогнеме на локалната економија. Така што, сè на сè, оваа манифестација продолжува од повеќе аспекти, а локалната економија е една од причините зошто се јавуваме како главни организатори и поддржувачи на оваа манифестација – вели Јорданов.

Манифестацијата ќе се одржува на шеталиштето „Ванчо Прќе“ и на Гардскиот стадион во Штип. Денеска сите настани се на шеталиштето „Ванчо Прќе“, а познатиот специјалитет пастрамајлија се продава и на двете локации по цена од 250 денари.