Почина новинарот и дипломат Махи Несими

Утрово во Тетово почина Махи Несими, истакнат новинар, публицист, политички аналитичар, политичар, амбасадор, добитник на државната награда „11 Октомври“.

Дипломирал Политички науки на Универзитетот во Загреб, но првата негова љубов беше новинарството. Несими беше долгогодишен новинар, својата кариера ја градеше во весникот Фљака, кaде беше и уредник. По осамостојувањето на Македонија се вклучи и во политичкиот живот. Стана истакнат член на Партијата за демократски просперитет (ПДП), а во еден период беше и претседател на партијата.

Напиша неколку книги кои претставуваат единствена научна анализа за изборниот процес и патоказ за организирање на изборите и организација на изборни единици.

Несими беше амбасадор на Македонија во Загреб, Хрватска. Потоа се посвети на својата научна дејност.