Полјак им се заканувал на патници во воз и повредил девојка во Германија

Уапсен полјак кој им се заканувал на патниците во воз на истокот од земјата и повредил 17-годишна девојка со предмет налик на секира. Повредената девојка е пренесена во болница и нејзиниот живот не е во опасност, соопштија властите.

Инцидентот се случил во локален воз кој сообраќал до Франкфурт, пренесе АП.

Осомничениот кој идентификуван од полицијата како 37-годишен полски државјанин, бил уапсен.

Полицијата соопшти дека се верува оти осомничениот не бил под дејство на алкохол или дрога и дека нема непосредни индикации дека има религиозни или политички мотиви за нападот.