
Пет месеци во Министерство за култура немаат здравствено осигурување, од таму тврдат дека проблемот е надминат
Цели пет месеци во Министерството за култура немаат здравствено осигурување, со што дел од вработените се принудени од свој џеб да плаќаат за неопходните здравствени услуги, дознава “Фокус”.
Цели пет месеци во Министерството за култура немаат здравствено осигурување, со што дел од вработените се принудени од свој џеб да плаќаат за неопходните здравствени услуги, дознава “Фокус”.
Ова се случувало и во перидот кога со министерството управувал Зоран Љутков, кој со владината реконструкција беше сменет од позицијата, а на министерското столче седна Седат Сулјемани од коалициониот партнер ВРЕДИ.
Според информациите до кои дојде “Фокус”, овој проблем не е од сега, туку постои веќе подолг период, откако вработен ја тужел Агенцијата за туризам, која во тој период не била под капа на Министерството за култура.
Лани, на крајот на јули се укина Агенцијата за поддршка на туризмот и сите вработени и постапки отидоа на адреса на култура.
Од Министерството за култура ни потврдија дека имале таков проблем, кој бил наследен од порано, но дека сега целата процедура е завршена и вработените ќе имаат здравствено осигурување.