Песков: Не е вистина дека планираме да го убиеме Зеленски!

Дмитриј Песков – портпаролот на Кремљ ги отфрли претпоставките дека руските власти сакаат да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Не, тоа не е вистина. Тој е претседател на Украина, ние сме заинтересирани тој да се согласи со условите на Русија, за кои детално го извести руската делегација“ – одговори Песков.

Според неговите зборови, Русија е заинтересирана низ преговори „да стави точка на воената операција“, како што Кремљ ја нарекува инвазијата на Украина.

Советникот на украинскиот претседател – Михаил Подолјак претходно соопшти дека имало над 10 обиди да се убие Зеленски.