Папата го бакна знамето на Украина!

Осуда за „масакрот во Буча“ од папата Франциск кој го бакна украинското знаме за кое рече дека му било испратено од градот, за време на неговата неделна аудиенција во аудиториумот во Ватикан.

„Неодамнешните вести од војната во Украина, наместо да донесат олеснување и надеж, донесоа нови злосторства, како што е масакрот во Буча. Суровост која е сè пострашна, дури и против цивили, беспомошни жени и деца“ рече папата.

Го покажа украинското знаме кое му било донесено од Буча, па повика неколку деца бегалци од Украина да дојдат кај него.

„Овие деца мораа да побегнат за да стигнат во безбедна земја. Ова е плод на војната. Да не ги заборавиме и да не заборавиме на украинскиот народ“ – рече тој.