Пендаровски: До крај ќе го промовирам концептот во кој верувам и убеден сум дека ќе излезам со мнозинска поддршка

„За нас нема пауза и одмор, ќе продолжиме до крај да го промовираме концептот во кој веруваме и убеден сум дека ќе излеземе со мнозинска поддршка за тој концепт. Нема малодушност, не се чувствувам така“ рече претседателот Стево Пендаровски на прес-конференција.

Тој додаде дека има илјадници граѓани кои веруваат во тој концепт и дека наишол на одличен прием на тоа што го пропагира.

Претседателот Пендаровски додаде дека не верува во поимите понудени или прифатени гласови и дека нема да преговара со останатите политички субјекти и кандидати кои не поминаа во вториот круг за некакво механичко префрлање на гласови.

„Ќе одбијам било каков обид за нудење на контингент на гласови, тоа е понижување на граѓаните. Тие се политички единки, засебни. Можеби членуваат во политички партии, но имаат и свое јас, свој образ“ рече Пендаровски.