Павловска Данева: Имаме 16 министерства и 20 министри, нашата Влада може да функционира со 12 министерства

„Одамна имаме проблем на гломазна администрација. Во европските развиени држави владите се помали, пофункционални, имаат помал број на министерства и министри. Во времето на владеење на Груевски имаше 26 министри, а беа 14 министерства, на почетокот на владеењето на Владата на Заев исто така беа 26 министри со 15 министерства, а сега имаме 16 министерства со 20 министри. Имаме вицепремиери 1, 2 и 3 што не е познато во нашите закони. Имаме голем број национални координатори, и тоа не постои во законот за Влада“ вели Ана Павловска Данева – професор на Правен факултет и поранешна пратеничка.

„Нашата Влада слободно може да функционира со 12-13 министерства“ потенцираа таа.

Павловска Данева за поразот на СДСМ на локалните избори вели:

„Верувам дека тоа е резултат на незадоволството на граѓаните, ми се чини дека докрај не ги разграничија ингеренциите на градоначалниците и централната власт, па целиот револт го искажаа на локалните избори. Повеќе од 7 години не сум партиски активна, како надворешен набљудувач гледам дека се повеќе граѓани кои имаат капацитет да придонесат во општеството ги заобиколуваат партиите, што по мене е поразително“.