Николов: Одлуката за замрзнување на цените е популистичка

Одлуката за замрзнување на цените е популистичка и негативно ќе се одрази како врз стопанство, така и врз граѓаните, оценува доскорешниот заменик директор на Бучим – Николајчо Николов.

Николов кој е и почесен претседател на Асоцијација за рударство во интервју за Трилинг со став:

„Нема да можеме да обезбедуваме стабилна електроенергија за домаќинствата се додека немаме сопствено производство”. Политиката замеша прсти во енергетскиот сектор и затоа се доведовме во ситуацијата на високи цени, а притоа и натаму сме увозно зависни“.

Покрај николов во емисијата Трилинг која е во 20.45 часот гостуваат и универзитетската професорка Ана Павловска Данева и Моника Зајкова потпретседател на ЛДП.