Отворена е истрага за можни руски воени злосторства во Украина

Започната е истрага за можни воени злосторства извршени од руски војници во регионот на Киев и на други места во Украина по барање на Советот за човекови права при Обединетите нации.

Советот за човекови права на ОН со 33 гласа „за“, два против и 12 воздржани, усвои резолуција со која и се наложува на истражната комисија да ги испита настаните околу Киев и другите области кои беа под привремена контрола на руски војници.

Русија неодамна беше исклучена од Советот, со можност да присуствува на седницата како набљудувач, но – во знак на протест поради резолуцијата, за која тврди дека е политички реваншизам – одлучи да не учествува на денешната седница.

Кина и Еритреја гласаа против резолуцијата.