Османи до Милошоски: Формално досега не е добиен француски предлог!

Бујар Османи – министерот за надворешни работи на Фејсбук му одговори на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски дека формално досега не е добиен француски предлог како можно решение за блокадата од страна на Бугарија, затоа што прво се добиваат мислењата на земјите – членки на ЕУ, со кои се во постојана комуникација.

„Оттука нема можност било каков предлог да се достави до Собранието и/или неговите тела. Второ – евентуален Протокол, кој се спомнува како веќе готов документ, можеби ќе преставува записник од одржување на Меѓувладина комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија, која е предвидена со Договорот за пријателство од 2017 година. Засега е одржана само една седница на оваа Комисија во 2019 година, и овој записник, кој е единствениот Протокол засега, е јавно достапен веќе три години“. Јас секогаш сум одговарал позитивно на поканите за настап на Комисијата за надворешна политика, иако не секогаш таму сум се чувствувал добредојдено и пријатно, ниту, пак, сум наоѓал на соработка кога се работи за сослушување на избраните амбасадори. Согласно Агендата, согласен сум наскоро да утврдиме термин и да ги преставам сите прашања од домен на надворешната политика, но притоа, да го повикам претседателот на Комисијата, да ја закаже седницата за избор на неколку клучни амбасадори чие упатување непотребно е стопирано преку незакажување седница на Комисијата за нивно сослушување“, посочува Османи.