Околу 300 лица бараат исчезнато двегодишно девојче во Србија

Во Бањско поле во Бор исчезна девојчето Данка Драгомировиќ со неполни две години, а потрагата по неа трае веќе неколку часа, пишува Н1 Србија.

Во моментов на терен се полицијата, пожарникарите и волонтерската спасувачка компанија. Во акцијата се вклучиле Борчани, пријатели и семејството на исчезнатото девојче.

Девојчето исчезнало околу 13 часот и 45 минути.

Поради нејзиното исчезнување, активиран е системот „НАЈДИ МЕ“!

Командантот на Штабот за вонредни ситуации Александар Миликиќ за медиумите изјави дека детето исчезнало пред семејната куќа.

Околу триста луѓе трагаат по девојчето, освен Жандармеријата со кучиња, учествува и Планинарската спасувачка служба која пушти дрон.

Временските услови, поточно дождот што паѓа уште повеќе ја отежнува потрагата, како и непристапноста на теренот.

Непотврдено е дека повеќе од 1.000 луѓе дошле на теренот за помош, но од нив било побарано работата да им ја препуштат пред се на стручни лица.