Објавил слики со Палчо и фото од патот кон Турција, кога го уапсиле го кажал деталниот план на бегалецот

Стефан Димковски од Струмица, татко на две деца е возачот кој го превезувал Љупчо Палевски – Палчо осомничен за убиството на 14 годишната Вања, од Белград до граничниот премин со Турција на граничниот премин Капетан Андреево, пренесе тв Телма.

Вчера попладне тој е уапсен од македонската полиција на граничниот премин Дојрани.

Димковски самиот постирал фотографии на ФБ од рутата, токму на денот кога се возел со осомничениот за убиство Палевски.

Откако бил уапсен на граничниот премин, според информациите, тој детално ги кажал плановите и локациите на бегалецот каде ќе престојува во Турција, по што според извори од истрагата на Телма, МВР ја известува турската полиција да го уапси. Димковски е во притвор.