Нуредини: Не смее отпадот да се користи како гориво

„Долгорочен е проблемот со загадувањето. Секоја година имаме помалку загадени денови, но уште имаме проблем со загадувањето. Биомасата најмногу го загадува воздухот во Скопје (греење, палење), втор загадувач се старите возила, а трет е изградбата на објекти. На крај е индустријата“ вели министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во најновото издание на Трилинг.

Тој вели дека „како Влада инвестираме во еколошко греење на јавни објекти. Мора да се продолжи со гасификација во државата“.

„МЖС предлага закони, се води зелена агенда. Секое министерство треба да спроведува зелена агенда, да биде поеколошко. Од централен Буџет, секогаш буџетот на нашето министерство бил околу 1 процент. Доцниме, затоа што имаше пандемија, економска и енергетска криза“ вели Нуредини.

Министерот рече и дека „со измена на закон имавме барање да има забрана за увоз на отпад за индустриско соорување“, но тој потенцира дека „се уште не сме подготвени за управување со нашиот отпад“.

Нуредини за прочистителната станица во реката Вардар вели „многу е битно да се инвестира во потребната инфраструктура, посебно во Скопје, Тетово и Битола“.

„Не дозволуваме увоз на опасен отпад оти немаме инсталации кои можат да управуваат со тоа. Како граѓанин, сум свесен дека сме во енергетска криза, но апелирам да бидеме свесни со што се грееме“ посочи Нуредини.