Нов светски рекорд во скок со стап

Шведскиот атлетичар – Арманд Густав Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап на митингот во Стокхолм од Дијамантската лига. Дуплантис прескокна висина од 6 метри и 16 сантиметри.

Апсолутниот владетел во оваа дисциплина пред својата публика го подобри сопствениот рекордоза еден сантиметар, по скокот од 6.15 во март во 2020. година.

Дуплантис е светски рекордер и во сала, со скок од 6.20, а сега му се доближи на тој скок со висина од 6.16 на отворен простор.

Еве како Швеѓанецот стигна до рекордот: