Асен Василев – кандидат за нов премиер на Бугарија

Асен Василев – екс-вицепремиерот на Бугарија и министер за финансии во владата предводена од Кирил Петков ќе биде кандидат за нов бугарски премиер од „Продолжуваме со промената“.

Информација за бугарски „24 часа“ наводно ја потврдиле извори од партијата на Петков која има најмногу пратеници во Народното собрание.

Името на новиот кандидат за премиер ќе се соопшти денеска, премиерот во оставка Кирил Петков преку видео порака ќе каже кој ќе биде предводникот на новата бугарска Влада.

Информациите од кај источниот сосед се дека Василев доаѓа на премиерското место, а Петков ќе стане вицепремиер и министер за финансии. Ќе направат „рокада“.