Седум случаи на мајмунски сипаници во Грција

Во соседна Грција досега се регистрирани седум случаи на мајмунски сипаници, а од вчера е регистриран и прв случај на мајмунски сипаници кај лице кое не патувало во странство.

„Седмиот случај е првиот што не пријавил патување во странство и затоа има индиции за пренесување во внатрешноста. Случаите веќе оздравеле или се оздравуваат во генерално добра клиничка состојба“ – соопштија здравствените власти.

Додаваат дека опасноста за општата популација останува ниска и преземени се сите неопходни мерки за ограничување на ширењето на болеста.

Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.