Немав никаков притисок да го разрешам д-р Јовев, вели министерот Меџити

Нема ниту притисок ниту политика во одлуката за смена на проф д-р Сашко Јовоев од функцијата директор на Клиниката за кардиохирургија.

Ова денеска го рече министерот за здравство Фатмир Меџити по настан на Клиниката за ендокринологија во Скопје.

Тој кажа дека се утврдени нерегуларности во работењето на клиниката, откако стигнале информации до Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ).

Министерот вчера кажа дека законот ќе важи за сите, дека нема да толерира директори кои седат и спијат по пет години, 10 години, кои немаат никаков резултат.

„Кој нема да сработи, ќе биде отпуштен од функцијата“, рече Меџити.

Вчера д-р Сашко Јовев рече дека решението за разрешувањето не го примил бидејќи за првпат е на боледување, но дека му било јавено оти е разрешен иако, како што нагласи, освен партиски побуди на министерот, сигурно дека не постојат други причини бидејќи резултатите од работата самите по себе говорат

По неговото разрешување, јавноста сѐ повеќе го критикува разрешувањето, а му дава поддршка на доктор Јовев.