Најмалку тројца загинати во руски напад на Одеса

Три лица се загинати, а три се повредени во денешниот руски ракетен напад врз украинското пристаниште Одеса, вели регионалниот гувернер Олех Кипер.

„Непријателот ја нападна Одеса со балистички проектили. Во нападот загинаа три лица, а тројца се повредени. На повредените им е укажана сета неопходна медицинска помош“ – изјави градоначалникот на Одеса Генадиј Труханов на социјалната мрежа Телеграм.

Кипер додаде дека во нападот оштетена е цивилната инфраструктура во градот.

Русија во изминатите денови постојано ја напаѓа Одеса, вклучително и нападот на 29 април кога, според официјалните лица, загинаа пет цивили, а 23 беа повредени.