Населението во Грција нема да се вакцинира со четврта доза против Ковид

Општото население во Грција нема да се вакцинира со четврта доза вакцина против Ковид 19, рече денеска генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција.

Надлежна комисија на епидемиолози од тамошното МЗ денеска ќе одржи состанок за евентуално олабавување на дел од рестрикциите, а хоспитализациите иако со помало темпо, сепак се намалуваат и „логично е да има укинување на мерките.

Во Грција досега дека е вакцинирано 84 отсто од полнолетното население, речиси 75 проценти од општото, а 88 отсто примиле и бустер доза.

Оние што се над 60-годишна возраст и за кои вакцинацијата од минатиот месец е веќе задолжителна, девет отсто, односно околу 300.000 граѓани и понатаму се невакцинирани.

Проценките се дека меѓу 270.000 и 310.000 граѓани сè уште не ја примиле третата доза, а веќе поминале седум месеци од вакцинацијата и нивните сертификати се невалидни, а овие лица се сметаат за невакцинирани.