Моџо Килингтон прашува: Дали министерот Венко е вакциниран од морална одговорност или прележува асимптоматски

Моџо зборуе кога другите молчат - (Не) реално со Моџо - Божидар Божиновски.

Среќна вест – пронајден е Кастриот Реџепи, не е киднапиран, не гласал против Владата, затоа што му се јавил глас (тоа треба да го проверат психолозите) кој му рекол европската иднина е во тебе.

Бил отворен прв рудник за биткоини во ГТЦ, МВР вели дека нема криминал, но ги земале машините дома – ќе работат од дома, кој работи – има.

За да работи администрацијата – сега треба две вакцини против Ковид, ова го најави министерот Филипче и наиде на негодување во јавноста.

Тука како пример може да се посочат рамковно вработените, оние 350 кои земале плата и не оделе на работа во општина Тетово. Многу одговорно од нивна страна, да не го шират вирусот.

Се отвора прашање дали министерот Венко е вакциниран од морална одговорност или прележува асимптоматски.

Ова е Влада на Заев (Три), таа веројатно ќе ни ја скрши кичмата, ако претходно не ни беше скршена, очекуваме реконструкцијата да почне.

Минатата недела имаше избори во Бугарија, а партијата на Красимир Каракачанов освоија 0 пратеници – но некои извори сепак велат дека ќе имаат или чувар или рецепционер во бугарското Собрание