Лукаревска: Нема да се кандидирам за претседател на СДСМ

„Парламентарното мнозинство ќе се зајакне, ќе се зголеми и ќе можеме да одиме напред во сите процеси. Има заедничка заложба со Алтернатива – прогресивното функционирање во државата. Да оставиме можност се она што остана нереализирано да го реализираме. Битно е да го задржиме државното владеење, во наредниот период кога ќе дојде на дневен ред оставката на Заев, ќе започнат сите оние процедури“ рече заменик претседателот во СДСМ и директор во УЈП – Сања Лукаревска во „Трилинг“.

Во врска со наплатата на даноци, Лукаревска вели дека кај сите даноци во земјава има раст во 2021 година во однос на 2020 година. Таа смета дека Буџетот ќе биде спроведуван и во 2022 година.

„До крајот на овој месец, разговараме со минитерот за Бесими, и ќе направиме кампања за борба со сивата економија. Тука сите институции заеднички треба да се бориме со сивата економија. 98% имаме доброволно плаќање на даночните обврски“ порача Лукаревска.

Прашана за тоа дали таа ќе се кандидира за претседател на СДСМ, но и за мандатар на новата Влада, Лукаревска со порака:

„Сега засега Зоран Заев е премиер во Владата“